Лионел Меси призна дека бил во дилема дали да остане на „Камп Ноу“ или да го менува клубот пред неколку години.

„Искрено, едно време размислував да ја напуштам Барселона. Не поради клубот , туку затоа што сакав да ја напуштам Шпанија. Имав многу понуди но ниту една не беше официјална затоа што сите знаеа дека сакам да се пензионирам тука. Морав да мислам на моето семејство и на моите деца, не сакам да им приредувам шокови.“ – изјави Меси.

Аргентинецот призна дека сакал ова лето во Барселона да се врати Нејмар со кој според него можат да се борат за сите трофеи.

Меси вели дека Гризман наскоро ќе се аклиматизира и ќе го покаже најдоброто од себе а тој е тука да помогне во целиот процес.

Меси смета дека тешко ќе се помири со моментот доколку и оваа година Барселона не ја освои Лигата на шампионите.