Лионел Меси беше видно задоволен од победата во финалето од „Копа Дел Реј“ и трофејот го посвети на навивачите.

„Посебно е чувството да се биде капитен на овој клуб. Посебна ноќ и трофејот во Купот за мене, затоа што бев фит да играм . Не е исто затоа што не можевме да прославиме со нашите фанови, штета. Ситуацијата е таква, мораме да живееме со тоа. Купот е посебно нешто за нас и навивачите. Ова се два клуба кои уживаат во финалињата. Знаевме како ќе играат и бевме трпеливи за секоја топка. Имавме потешкотии на старотот на оваа сезона, но сега стануваме се посилни и атакуваме на титулата во Ла Лига.“ – изјави Лионел Меси.

Дали со оваа изјава Меси меѓу редови најавува останување во Барселона, ќе видиме, но јасно е дека ужива во играта периодов во тимот на Куман.