Аргентинскиот ас Лионел Меси се соочува со парична казна поради кршење на мерките донесени за Ковид-19 , пренесоа денес сите шпански медиуми.

Аргентинецот пред неколку дена организираше заедничка вечера со играчите на Барселона со цел да се подигне тимскиот дух, но очигледно Меси заборави на ситуацијата со Ковид-19 и забраните за групирање и настани.

Фудбалерот се соочува со казна од 3 до 60 илјади евра. Во Каталонија има ограничување за собирање најмногу до шест лица во една просторија. Ова мерка е до 8 мај. Забележано е дека на вечерата во куќата на Меси имало околу 50 луѓе.