Лионел Меси на ФИФА гала – вечерта на изненадување на многумина беше избран за фудалер на годината во конкуренција на Кристијано Роналдо и Вирџил Ван Дајк, кој беше главен фаворит за оваа престижна награда. По оваа церемонија беа обелоенети гласовите на сите селектори и капитени на репрезентациите ширум светот, а дел од лицата кои гласале изјавија дека не гласале онака како што тврди ФИФА.

Станува збор за селекторот на Судан, челниците на Фудбалската Федерација на Египет  и капитенот на Никарагва, а она што е заедничко за сите нив е што на листите на ФИФА му дале максимални бодови на Меси, што воопшто не е точно.

„Не гласав за Меси, воопшто не гласав за никого. Од ФИФА ме информираа и ми рекоа дека ќе ми проследат линк за гласање, но никогаш не добив такво нешто. Затоа и бев изненаден кога го видов своето име меѓу оние кои гласале за Меси“ – изјави Хуан Барера, капитенот на Никарагва

Овие изјави фрлаат белег врз Светската куќа на фудбалот и тоа дали Аргентинецот беше нерегуларно избран за најдобар фудбалер во светот.