Напаѓачот на Барселона, Лионел Меси, го критикуваше спортскиот директор на клубот Ерик Абидал, поради неговите зборови дека одреден број фудбалери не го сакаа претходниот тренер Валверде и не играа со полна сила. Наводно таа била причината што Барселона мораше да го смени Ернесто Валверде.

„Ако тврдите такво нешто за играчите, тогаш морате да ги кажете и нивните имиња. Инаку ќе ја испрљате репутацијата на сите, а тоа не одговара на вистината. Секој што носи такви одлуки мора да има и одговорност, секој има свои задачи и мора да се грижи за нивното решавање. Играчите одговараат за сето тоа што се случува на теренот и ако нешто не оди како што треба, ние први ќе го признаеме тоа“.

На местото на Валверде дојде Кике Сетјен.