Лионел Меси ги коментираше шансите на Барселона за освојување на Лигата на шампионите.

Потребен ни е прогрес. Мислам дека во денешни околности Барселона нема тим да ја освои Лигата на шампионите. Играме нестабилно и веќе цела година правиме глупи грешки. Така беше на средбите со Рома и со Ливерпул – излегуваш на терен и како да го губиш контактот со соиграчите. Во Лигата на шампионите те казнуваат за секоја грешка и потребно ни е што побрзо да ги прифатиме идеите на новиот тренер и да влеземе во подобра форма“, изјави Меси за Mundo Deportivo.

Во осминафиналето на Лигата на шампионите Барселона ќе игра против Наполи. Првиот натпревар ќе се одигра на 25 февруари во Неапол, а реваншот на 18 март во Барселона.