Одлуката на управата на Барселона, Абидал да остане во клубот не му се допаднала на Лионел Меси кој воедни бил крајно разочаран што во тимот не бил ангажиран играч од светска класа во зимскиот преоден рок.

Според медиумите од Шпанија, Меси со одбивањето на нов долгогодишен договор најавил дека планира да ја менува средината ова лето и покрај тоа што во ноември тврдеше дека не сака да им прави стресови на неговите деца и на сопругата со евентуална преселба од Барселона.

Во меѓувреме почнува да се шпекулира со клубовите кои можат да го привлечат Аргентинецот. Прв фаворит е Манчестер Сити поради Пеп Гвардиола.

Издвоен е и ПСЖ кој бара замена за Мбапе кој се очекува ова лето да премине во Реал Мадрид.

Што од ова може да се оствари, засега останува непознато но едно е јасно, ситуацијата на Меси во Барселона е далеку од сјајна.