Лионел Меси пред стартот на Светското првеснтво во Бразил во 2014-та година порача дека би ги менувал сите освоени титули со Барселона и индивидуални награди за да го освои мундијалот со Аргентина, но ваквото мислење го промени.

Меси во интервју за „Тик Спортс“ рече дека би бил среќен доколку освоеше титула со Аргентина, но исто така вели дека е задоволен од оствареното во својата кариера и дека не жали за ништо.

„Ќе беше многу подобро да ја освоев светската титула и ќе бев многу среќен, но сега не би менувал ништо што освоив во кариерата за да бидам светски шампион. Тоа е она што требало да биде, тоа е она што Бог ми го даде. Поради некоја причина, не ја освоив светската титула досега. Никогаш не замислував дека ќе остварав толку многу нешта во фудбалот. Работите се поголеми и од тоа што можев да го замислам во соништата.“ – изјави Лионел Меси..

Интересно е тоа што Меси со Аргентина исто така нема титула Копа Америка иако играше 3 финалиња кои сите ги загуби.