„Вашингтон Пост“ објави дека плејмејкерот на Арсенал, Месут Озил ќе биде замената на Вејн Руни во ДЦ Јунајтед во јануари 2020 година.

Легендарниот напаѓач на Англија одлучи кариерата да ја продолжи во Дерби Каунти како играч-тренер па управата на ДЦ Јунајтед одлучила веднаш да бара негова замена.

Озил подолго време се поврзува со заминување од „Емирати“ и нема да биде изненадување ако репрезентативецот на Германија ја прифати понудата од клубот од САД.