Играчот на Рома , Хенрик Мхитаријан најверојатно ќе ја напушти Рома на крајот на сезоната.

Договорот на ерменскиот играч за врска истекува на лето, но има опција да го продолжи за уште една година. Сепак, Ерменецот нема намера да остане во тимот кој ќе биде под водство на Португалецот.

Ерменскиот репрезентативец веќе го известил својот агент Мино Раиола да му најде нов клуб бидејќи не ни помислува да игра во Рома под водство на Мурињо.

Раиола го понудил Мхитаријан на неколку клубови во Италија,вклучувајќи го и Милан па останува да се види каде тој ќе ја продолжи својата кариера.

Инаку, Мурињо и Мхитаријан работеа заедно во Манчестер Јунајтед, но поради конфликт, Мхитарјан мораше да си оди и да направи трансфер во Арсенал.