Поразот од 2:1 во Скопје ја продлабочи кризата во која се наоѓа актуелниот првак на Македонија но и покрај тоа реваншот против Дуделанж утре може да ја врати Шкендија на посакуваната насока.

Со оптимизам и решителност, за евентуалниот тирумф во Луксембург зборуваше левиот бек на Шкендија, Гледи Мици за клупскиот сајт.

„Во Луксембург сме за да се обидеме да го анулираме резултатот од првиот меч и да се пласиравме во третата рунда од квалификациите за Лига Европа. Имаме два дена за аклиматизација и мислам дека ако ги надминеме сите проблеми од првата средба а сигурен сум дека секој играч ќе го даде најдоброто исто како и мене, ќе успееме да го реализираме тоа што го договоривме со стручниот штаб.“ – изјави Мици.

Реваншот меѓу Дуделанж и Шкендија ќе се игра утре во терминот од 17:55 часот.