Поранешниот играч за врска и на Баерн и на Челзи, Михаел Балак, го коментираше дуелот меѓу екипите на Баерн и на Челзи во осминафиналето на Лигата на шампионите.

Баерн Минхен е фаворит, поради многу причини, а искуството ќе биде на неговата страна. Челзи имаше забрана за купување на фудбалери и мораше да се ослони на своите млади играчи. Челзи има и нов тренер, кој исто така нема искуство. Уште една причина е нивото на играта и стабилноста на Баерн. Челзи има млада екипа со огромен потенцијал, но тој ќе се пројави во иднина“. – изјави Балак.

Првата средба ќе се одигра на 25 февруари, кога Челзи ќе биде домаќин на „Стенфорд Бриџ“.