Тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ ја доби битката со леукемијата и е подготвен за новите предизвици со калчолигашот.

„Останав должен на Болоња. Тоа е прв клуб кој ми даде шанса самостојно да работам и тоа не го заборавам. Тоа беше пред 10.години и поради тоа морав да се вратам. Најголема сатисфакција ми беше минатата сезона кога успеавме да се спасиме од испаѓање“- изјави Миха.

Србинот во својата тренерска кариера започна како помошник на Роберто Манчини во Интер, а потоа самостојно ги водеше Болоња, Катанија, Фиорентина, Самдпорија, Милан и Торино, пред кам-бекот во Болоња.