Синиша Михајловиќ денес ќе се најде на клупата на Болоња, доколку медицинските анализи одобрат тој накратко ќе ја напушти болницата.

Болоња денес го пречекува Лацио, а стадионот Дал’Ара го чека тренерот на својата позиција.

Италијанските медиуми јавуваат дека речиси е извесно дека Михајловиќ по третпат откако го започна агресивното лекување против леукемијата, ќе го предводи од клупа својот тим. Утринава се прават нови испитувања и доколку резултатите дадат зелено светло публиката ќе има можност повторно да го поздрави и да му даде поддршка на силниот Миха.

Михајловиќ претходно ја предводеше Болоња од клупата во натпреварите против Верона и Спал.