Покрај секојдневните терапии и обврски кои му ги наметна болеста, Синиша Михајловиќ со полна сила работи на подготовка на екипата за новата сезона во Серија А.

Тој тренинзите ги следи преку лајв-стрим а потоа дава инструкции на неговите помошници како да продолжат со подготовките.

„Седевме и вечервавме веднаш до собата на Синиша и слушавне како им вика на играчите. Тоа е добар знак, значи дека е сеуште е во форма“ изјавил вработен на Болоња за италијанските медиуми.

Михајловиќ важи за гласен, строг но праведен тренер а неговото однесување покажува дека одлично се носи со тешката болест.

Ако опоравувањето продолжи во посакуваната насока тој се очекува наскоро да биде и физички присутен на секојдневните тренинзи со неговите играчи во Болоња.