Од следната сезона, Андреа Пирло нема да биде предводник на Јувентус и по сите наговестувања, на крајот од сезоната му се подготвува отказ.

Оттаму, тимот од Торино е во потрага по нов тренер, а по последните новости се очекува кормилото да го преземе Синиша Михајловиќ, иако некои вести велат и за ангажман на Масимилијано Алегри кој би направил кам бек.

Коријере дело Спорт информира дека Михајловиќ е подготвен да ја напушти Болоња, и веќе преговара со „Старата дама“.

За потсетување, Михајловиќ покрај Болоња, во својата кариера го предводеше и тимот на Милан.