Калчолигашот Болоња потврди дека играчите и сите во стручниот штаб се согласиле на намалување на плататите за последните три месеци со вкупен износ од една месечна плата.

Со ова Болоња се приклучи на листата на тимови кои се согласија на намалувањето на платите поради финансиската криза која го зафати спортот а е предизвикана од паузата поради Ковид-19.

Серија А ќе се одигра без навивачи на трибините, многу од планираните инвестиции на клубовите се стопирани а останува неизвесно и како ќе се работи на трансфер пазарот ова лето во Италија.