Синиша Михајловиќ доби една голема животна борба, ја победи леукемијата, во јавноста зборуваше за периодот на лекување, деновите во изолација, реакциите во семејството…

Србинот во шоуто „Вечер со Ивана“ изјави дека карантинот не му бил проблем, уживал со семејството, по се она што поминал во периодот на лекување, корна карантинот било освежување.

„Кога се лекував бев во соба три со три, во карантинот повод коронавирусот бев дома со семејството, тоа беше убав период. Лекувањето беше тешко, период во кој имав успони и падови, но не се плашев од ништо. Никогаш во животот не сум бил болен, ова беше шокантно, но не изгубив надеж, на докторот му реков, леукемијата има проблем, дојде да се бори со мене, од сето ова испаднав подобар човек“ – рече Михајловиќ.