Синиша Михајловиќ на емотивна прес конференција зборуваше за борбата со леукемијата. Србинот беше скромен, често со солзи во очите раскажуваше за периодот кој е зад него.

„Во ниту еден момент не се чувствував како херој, јас сум само обичен човек, оваа болест не се победува само со храброст, потребна е лекарска нега, да се биде во иста соба четири месеци не е лесно, се надевам дека по сето ова ќе бидам уште подобар човек и пријател“ – изјави Михајловиќ.