Спортинг Лисабон ќе мора да му исплати на Синиша Михајловиќ три милиони евра поради експресниот отказ кој го доби во 2018 година.

Михајловиќ беше на клупата на Спортинг Лисабон само 8 дена, а имаше договор на три години, клубот му врачи отказ и сега ќе плаќа пенали.

Спортскиот суд во Лозана „CAS“ му наложи на клубот од Португалија да ја исплати оваа сума од 3 милиони евра, Михајловиќ бараше обештетување од 12 милиони.