Тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ побара фер судење на дуелот со Јувентус закажан за овој викен а воедно испрати и предупредување до тимот на Пирло.

„Сигурен сум дека ќе добиеме добар судија, во која сезона имаше дебитанти кои направија неколку грешки. Ќе го делегираат Валери или Џиакомели, сигурен сум во тоа. Можеме да се кладиме во што сакате. Кога тие го водат натпреварот, немаме никакви шанси, но ќе се обидеме. Каљари се чинише дека нема шанси против Милан, но фудбалот е убав поради тоа што никогаш не знаеш како натпреварот ќе заврши.“ – вели Михајловиќ.

Болоиња со обезбеден опстанок и без шанси за европско лето во пресметката со Јувентус ќе влезе без дополнителен притисок.

„Старата Дама“ во завршното коло од Серија А посакува кикс на Милан со Атланта или на Наполи со Верона, а воедно да слави над Болоња за во следната сезона да игра во Лигата на шампиони на УЕФА.