Тренерот на Болоња и некогашна ѕвезда на Лацио и Интер , Синиша Михајловиќ во пресрет на дуелот од последното коло со Јувентус ја подгреа атмосферата пред мечот давајќи изјава во која бара „квалитетен“ судија за престојниот меч кој ќе биде од големо значење за „старата дама“ која брка влез во топ 4 и Лига на шампиони следната сезона.

„Не сакам да ни пратат некој амтатер, доволно не оштетија сезонава. Треба да дојде квалитетен судија како Валери или Џакомели“, порача Михајловиќ.

Оваа изјава на Михајловиќ доаѓа после натпреварот за викендот помеѓу Интер и Јувентус во кој видовме неколку контроверзни одлуки, меѓу кој беше и пеналот за Јувентус во 87.минута со кој тимот од Торино стигна до победата.