Српскиот стратег на клупата на Болоња, Синиша Михајловиќ изминатите месеци се бореше со тешката болест која му беше дијагонотицирана, но големиот борец, најбитната битка во животот успеа да ја победи. На прес-конференција им се заблагодари на сите кои се грижеа за него и му помогнаа во борбата со тешката болест.

„Сакам да им кажам на сите сериозно болни луѓе дека нема потреба да се плашите, да плачете и да страдате. Никогаш не смеете да ја изгубите волјата да живеете. Никогаш не се чувствував како херој за тоа што го правам. Јас сум силен човек, а во вакви моменти мора да бидете храбри и на проблемот да му погледнете во очи.“ – изјави Михајловиќ.

На прес- конференцијата Србинот беше изненаден од своите фудбалери кои му дадоја подршка на нивниот тренер, кого со нетрпение го очекуваат да се врати на терените.

„Им благодарам на пријателите а посебно на мојата сопруга и на моите деца. Мојата сопруга беше со мене секој ден и ми покажа дека сум најсреќниот човек во светот затоа што имам таква жена крај себе. Моите деца побараа да донираат коскена срж за мене ако постои компатибилност. Неверојатна демонстрација на љубов.“ – додаде Мијаловиќ.