Фудбалерот на Болоња Роберто Сориано беше повикан во италијанската репрезентација за трите натпревари против Северна Ирска, Бугарија и Латвија. Во сите три натпревари Роберто Манчини му даде точно една минута на теренот, а Италија славеше во три натпревари со 2:0. И покрај победите тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ удри по Манчини.

„Да обрнеше внимание на она што се случува во Болоња, Манчини немаше да го повика Сориано да му седи на клупа три натпревари. Тој е најдобар италијански играч од средниот ред и мислам дека тоа не е во ред. Да знаев дека ќе биде така… подобро ќе беше да останеше во клубот. Тоа го кажувам како тренер на Болоња, но и како пријател на Минчини. Три пати седи. Против кого? Требаше Манчини да го уфрли во игра за сериозни минути. Да сум јас на местото на Сориано, би му рекол на Манчини да се носи по ѓаволите.“ реагираше Михајловиќ.

Сориано од почетокот на сезоната ги одигра сите 28 натпревари во Серија и постигна 9 гола. Следната прилика да дојде до двоцифрен број голови ќе ја има против Интер, кој денеска гостува во Болоња.