Синиша Михајловиќ искрено говореше за пролемите со кои се соочи во животот, Србинот во интервју за  „Скај Италија“ ја отвори душата.

Србинот ја победи леукемијата, искрено говореше за се што му се случуваше во проблематичните периоди од животот.

„Како да сум роден два пати, првиот во 1969 година, а вториот педесет години подоцна, на 29 октомври 2019 година…Јас сум борец, сакам да живеам, сакав да се борам со проблемите. Едноставно не можев да си дозволам да заминам од овој свет. Никогаш не ја загубив надежта, неколку пати го сонував сопствениот погреб“ – изјави Михајловиќ за Скај Италија.