Двете победи по ред на Болоња се причина плус за оптимизам во соблекувалната на Синиша Михаловиќ пред утрешниот натпревар со Интер во 10 коло во Серија А.

Преводникот на Болоња верува во неговите фудбалери иако стравува од формата во која игра Ромелу Лукаку.

„Како фудбалер не би можел да го стопрам Лукаку, тој е силен, брз и поголем од мене. Можеби тоа би ми успеало против него само во боксерски ринг, но на фудбалскиот трен, можете само да задавате неспортски удари.  Против Интер нема да го менуваме системот на игра, за да победиме ќе мора да постигнеме еден гол повеќе од нив, ќе видиме дали ќе успееме во тоа.“ – изјави Михајловиќ.