Тренерот на Арсенал Микел Артета изјави дека ќе направи се Пјер-Емерик Обамејанг да остане во клубот.

„Ова прашање мора да се реши до крајот на сезоната. сакам да го задржам Обамејанг по секоја цена. Тој беше разочаран по елиминацијата од Лигата на Европа и чувствуваше вина за поразот од Олимпијакос. Тој ни треба среќен и весел, а токму таков е во последните неколку дена“.

Договорот на Обамејанг со Арсенал завршува во лето 2021 година. Повремено доаѓаат различни информации за иднината на Обамејанг, кои често се контрадикторни.