Тренерот на Арсенал, Микел Артета, ја коментираше победата на неговата екипа против Евертон во 27. коло на Премиер лигата.

„Најдоброто е во желбата што ја покажуваме играјќи три натпревати за само една седмица. Успеавме да се вратиме од негатива, со огромна упорност на сите фудбалери. Обамејанг го зема на себе најголемиот товар од средбата. Пред да дојдам во Арсенал, имав сомневања во однос на него и неговата игра, но тој ме разубеди. Тој сега е нашиот најважен фудбалер и треба да направиме се за да го задржиме во клубот. За седум дена добивме три важни средби и ова е мојата најдобра седмица, откако дојдов во Арсенал“. – изјави Артета.

Арсенал во последните седум дена ги совлада Њукасл и Евертон во Премиер лига и Олимпијакос во Лига Европа.