Италијански Милан влегува во финансиска криза, откако клубот од Милано потвди дека минатата сезона забележал загуби од 195 милиони евра, сега економската криза ќе се обиде да ја амортизира со намалување на платите на играчите.

Според последните најави од „Ла Република“ управата е решена да побара од фудбалерите на Пиоли да играат со 20% намалување на платите. Првиот човек на Серија А, Паоло Дал неодамна изјави дека елитата во Италија има загуби од 600 милиони евра.

Јувентус во март доби дозвола од играчите да им исплаќа помала плата и со тоа заштеди 90 милиони евра.

Дали играчите на Милан ќе се согласат на слично решение ќе дознаеме наскоро, но едно е јасно, Ковид-19 во секоја смисла го поремети фудбалот во Европа.