Милан после долги години се врати во Лигата на шампионите и јасно е дека поради тоа ќе мора да го засилува својот, иако досега во тимот не дојде ниту едно атрактивно име. Но, сепак по се изгледа тоа ќе се промени.

Како што пишува Тутомеркато Милан ќе се обиде да го доведе Јулијан Брант од Борусија Дортмунд.

Опцијата која Милан би сакал да ја активира е позајмица на поранешниот фудбалер на Баер Леверкузен на енда година за пет милион евра, со опција за откуп на договорот за 22 милиони евра следното лето.

Борусија Дортмунд наводно истите услови ги прифатила во преговорите со Лацио, а сега во играта се вклучил и Милан.