Италјанскиот гигант Милан се соочува со нов пех, откако дефанзивецот Лео Дуарте ќе мора да биде надвор од терените следните четири месеци, соопштија од клубот.

Дуарте имаше повреда на ахиловата тетива на која беше извршена хируршка интервенција, а тоа значи дека тренерот Стефано Пиоли нема да може да смета на Дуарте до на пролет. Дуарте стана стандарден првотимец по доаѓањето на Пиоли на „Сан Сиро“, но се повреди во текот на репрезентативната пауза.