Раководство на Милан одлучи да донира 250 000 евра за екипите за брза медицинска реакција во битката со коронавирусот кој ја затвори Италија, и ги замрзна сите спортски настани.

Од раководството на „Росонерите“, објавија дека на навивачите ќе им бидат вратени парите за купените билети за дуелот со Џенова кој се играше пред празни трибини како и за оние кои имаат купено сезонски карти.

„Има многу поважни работи од фудбалот меѓу кои е и животот. Во ова време најважно е да им помогнеме на оние кои се најпогодени од вирусот. Мора да бидеме одговорни и да ги почитуваме апелите на институциите и на медицинските лица.“ – стои во дел од соопштението на Милан.