Милан денеска ќе го назначи СтефаноПиоли за нов тренер, но клубот од Милано долго време се мачи да ја стабилизира оваа позиција во екипата.

Марко Џампаоло е историја кај Милан, негов наследник е поранешниот тренер на Интер, Лацио и Фиорентина, Стефано Пиоли, тој воедно ќе биде девети тренер на „росонерите“ во последните пет години.

Вакавата ситуација кај Милан му донесе и финасиска штета од половина милијарда евра од договорите со тренерите кои предвремено се раскинуваат.

Покрај финасиската штета, Милан никако да се стабилизира со резултатите, тренерите кои работеа изминатите, Масимилијано Алегри, Мауро Тасоти, Кларенс Сејдорф, Филипо Изнаги, Синиша Михајловиќ, Џенаро Гатузо, Кристијано Броки, Винченцо Монтела и сега Стефано Пиоли го чинат Милан цело богатство, титули не донесе никој.