Како што пишува Calciomercato.com, Милан подолго време ја следи играта на дефанзивецот на Лајпциг, Упамекано. Огромна е веројатноста дека Милан од следната сезона ќе го води Ралф Рангник, кој веќе работел со Упамекано во Салцбург и во Лајпциг, па тој е решавачкиот фактор за заклучувањето на зделката.

Договорот на Упамекано со Лајпциг е до јуни 2021 година, а откупната клаузула на 21-годишниот фудбалер е поставена на 60 милиони евра.

За Упамекано беше заинтересиран Баерн Минхен, но се откажа токму поради цената.

Оваа сезона тој одигра 20 средби во Бундеслигата.