Тореира од Арсенал во моментов е прескапа опција за Милан откако „Топџиите“ бараат 45 милиони евра па поради ова раководството на Милан засилувањето на средниот ред ќе го бараат во Реал Мадрид.

Дани Себаљос наскоро ќе добие понуда да се пресели во Милан како позајмен играч на две сезони со можност потоа да биде откупен во целост. Проблемите со финансискиот фер плеј го приморуваат Милан да размислува за позајмување на играчи со цел да избегне нова казна од УЕФА.

Според „Газета Дело Спорт“, Милан е подготвен на Реал Мадрид да му плати 4 милиони евра за позајмувањето на репрезентативецот на Шпанија.