Лео Дуарте во следните 48 часа треба да го комплетира трансферот од Фламенго во Милан. Ова го најавуваат медиумите од Италија.

Бразилскиот централен бек екипата од Милано ќе ја чини 11 милиони евра а трансакцијата ќе биде извршена на две рати.  Дуарте ќе биде четвртото засилување за Милан по Ернандез, Бенасер и Круниќ.

До крајот на летниот преоден рок се најавува дека Милан ќе се засили и во нападот со парите кои ќе ги заработи од продажбата на Кутроне во Вулверхемптон.