Челниците на Милан по синоќешната пресметка со Селтик започнале нова рунда преговори околу евентуалното купување на Кристофер Аер во јануарскиот преоден рок.

Според „Кориере Дела Сера“, Селтик за 22 годишниот дефанзивец бара 30 милиони евра, сума која во моментов на Милан му предизвикува проблем.

„Росонерите“ се обидоа да го купат Аер минатото лето но и тогаш трансфер оштетата беше најголемиот проблем.

Можно е целата трансфер зделка да се реализира на неколку рати со што Милан ќе се обврзе на клаузула при евентуална следна продажба, поточно ако Аер биде продаден од Милано, Селтик да заработи 30% од таа трансфер оштета.