Францускиот фудбалски шампион ПСЖ преговара со италијански Милан за трансфер на голманот на „росонерите“ Џанлуиџи Донарума, објави „Скај Спортс“.

Според информациите, парижаните нудат свој играч и дополнителна исплата за услугите на италијанскиот голман.

Милан бара 45 милиони фунти, но ПСЖ се надева да ја намали оваа цена, вклучувајќи го во трансакцијата својот голман Алфонс Ареола, кој е проценет на 27 милиони фунти. Така парижанте ќе доплатат само 18 милиони фунти.