Милан и Интер потврдија дека ќе биде срушен легендарниот стадион „Сан Сиро“ или „Џузепе Меаца“ во зависност која екипа  е домаќин .

Овој стадион е еден од најголемите во Италија со капацитет од 80.000 седишта, заминува во историјата откако двата клуба се договрија да изградат нов .

Стадион често го нарекуваат  „митски“ , тука се одиграа четири финални меча во Лигата на шампионите . Познат е по 11 – те столбови и црвениот кров, беше отворен далечната 1926 година.

„Ќе градиме нов стадион, во близина на стариот кој ќе биде срушен, тука ќе се изградат згради за живеење но и деловни згради“ – изјави Паоло Скарони, претседател на Милан.