Навивачите на Милан вечерва ќе го урнат рекордот во историјата на Копа Италија по бројот на продадени билети. Росоњерите против Јувентус ќе се борат за место во финалето од националниот куп.

Досега се продадени нешто повеќе од 70.000 билети, што е рекорд за полуфиналната фаза на Копа Италија. Синоќа во првото полуфинале на мечот Интер и Наполи присуствуваа 59.601 гледач.

Првиот натпревар од полуфиналето меѓу италјанските гиганти се игра на „Сан Сиро“ вечерва со почеток од 20:45 минути.