Лоши вести за Милан, Златан Ибрахимовиќ се повреди на средбата со Рома, првите резултати од анализата на сериозноста на повредата велат дека Швеѓанецот ќе го нема во составот на „росонерите“ четири средби.

Според календарот, Ибра нема да биде во тимот на Милан против  Удинезе, Верона, Наполи и Манчестер Јунајтед во Лигата на Европа.

Црното сценарио вели дека Ибрахимовиќ можно е да го пропушти и вториот меч со Јунајтед, Милан ќе има сериозни проблеми во трката за скудетото и Европа лигата.