Анте Ребиќ по доаѓањето во Милан од Ајнтрахт Фарнкфурт не се снајде најдобро, сепак во продолжението од сезоната стана еден од играчите од кои зависи играта во нападот, со тоа и головите.

Хрватот постигна пет гола на последните шест средби за Милан, се запиша во листата на стрелците и на дербито со Јувентус, сега раководството на Милан сака да го откупи договорот на Ребиќ перманентно.

Според најавите на „Calciomercato.com“, Звонимир Бобан е во директни преговори со Ајнтрахт, активирана е клаузулата за откуп на договорот од клубот од Германија.

Ребиќ потпиша со Милан договор на две години но како позајмен играч од Ајнтрахт, сега клубот од Милано сака пермаентен договор со Хрватот.