Примарната трансфер цел на Милан за летниот преоден рок, Едуардо Кварезма ќе го продолжи договорот со својот сегашен клуб Спортинг Лисабон во кој, Кварезма ќе има откупна клаузула од 45.милиони евра.

„Росонерите“ беа блиску до трансфер со 18-годишниот напаѓач, чиј тековен договор со португалците истекува во јуни следната година.

Според, „А Бола“ во Португалија, Кварезма  ги договорил личните услови за нов договор со кој ќе го продолжи престојотот во Лисабон до 2025 година. Тој се уште е дел од тимот под 23.години на Спортинг и сезонава одигра 23.натпревари во Ревалцо лигата.