Лукас Тореира ова лето може да се врати во Италија по само една сезона мината во Премиерлигата. Островските медиуми пренесуваат дека Милан наскоро ќе достави официјална понуда до Арсенал за ангажман на уругваецот.

Првичниот план на Милан е да го донесе Тореира на едногодишна позајмица со можност за целосно откупување на договорот. Ова најверојатно нема да им се допадне на челниците на „топџиите“ кои сакаат да заработат од евентуалната продажба на Тореира.

Деструктивниот плејмејкер Арсенал го чинеше 30 милиони евра минатото лето. Тореира неодамна изјави: „Не знам дали има доволно работи во кои можам да уживам во Англија“. Оваа изјава дополнително ги подгреша шпекулациите дека уругваецот сака да го напушти врнежливиот Лондон.