Младиот фудбалер од Алжир Исмаел Бенасер е прогласен за најдобар играч на последниот Африкански Куп на Нации.

Според информациите младиот играч кој има 21 година наскоро треба да потпише за Милан откако одигра две сезони во Емполи.

Спортскиот директор на Емполи го потврди трансферот, а Милан за потписот на Бенасер ќе плати 16 милиони евра.

Бенасер ќе потпише 5-годишен договор со Милан според кој ќе заработува 1,6 милиони евра по сезона, а се очекува следната недела да пристигне на прегледи во Милано.