Италијанскиот фудбалски гигант Милан сака да ја засили одбраната во пресрет на новата сезона.
Во моментов тренерот Џампаоло на располагање ги има само Ромањоли и Мусакио, бидеќи Калдара е повреден и ќе отсуствува уште неколку месеци од фудбалските терени.
„Росонерите“ ќе се обидат да го доведат во своите редови Николас Отаменди од Манчестер Сити.
Искусниот Аргентинец е спремен да ја промени средината, а неговата цена изнесува 20 милиони евра, што за Милан и тоа како одговара оваа сума.
Comments are closed for this post.