Вчера, Милан го потресе веста по повредата на Златан Ибрахимовиќ, кој беше на носилки износен од тренингот, но за среќа таа повреда не е сериозна како што се очекуваше.

Првичните претпоставки беа дека се работи за повреда на ахиловата тетива, но за среќа во соопшените „росоњерите“ дека повредата е од полесен карактер.

„АЦ Милан потврдува дека Златан Ибрахимовиќ се повреди на вчерашниот тренинг, оштетувајќи го мускулот на десниот лист. Ахиловата тетива е перфектно здрава. По контролата и испитувањата сметаме дека тој ќе паузира десет дена“- напиша клубот.

Ибрахимовиќ по враќањето во јануари запиша десет настапи за Милан, во кои постигна четири погодоци, a еднаш асистираше на соиграчите.