Милан не губи време и веќе му понуди на Златан Ибрахимовиќ нов едногодишен договор.

Според информациите на Gazzetta dello Sport, ако Швеѓанецот го потпише овој договор, тој ќе има годишна плата од 6 милиони евра.

Сегашниот договор на Ибра со „Росоњерите“ завршува во јуни оваа година.

Освен ова, Милан сака да го откупи и Симон Кјер, кој дојде во зимскиот преоден рок како позајмица од Севилја.