Милан во моментот ги минува најтешките моменти во својата историја. Новиот тренер Марко Џампаоло не успеа да го враи Милан на старите патеки, напротив доживеа 4 пораз по првите 6 кола од Серија А. Последна екипа која му го зеде „скалпот“ на Милан е Фиорентина која на „Сан Сиро“ славеше со 3-1, а тоа ги натера Паоло Малдини и Звонимир Бобан да бараат алтернатива за Џампаоло.

Италјанските медиуми пишуваат дека раководството на Милан ги контактираше Андреј Шевченко кој во моментот е селектор на селекцијата на Украјна и поранешниот тренер на „росонерите“ Масимилиано Алегри, но и двата ја одбиле понудата на Милан.

Покрај овие двајца понуди одбиле и Џенаро Гатусо и Лучијано Спалети што доволно говори во каква ситуација се наоѓа италјанскиот гигант и 7 кратен европски шампион.