Италијанскиот великан Милан не е единствен заинтересиран за услугите на македонскиот репрезентативец Енис Барди. Како што објавија вчера италијанските медиуми, на Сан Сиро во нашиот фудбалер гледале замена за Хакан Чалханоглу, кој замина во Интер како слободен.

Сега италијанските медиуми пишуваат дека Милан добил конкуренција во тимот на Торино, кој го посакува нашиот Барди, но проблемот е што немале доволно пари да му платат на Леванте.

Леванте бара најмалку 15 милиони евра за услугите на македонскиот фудбалер, па останува да се види дали Торино или Милан ќе ги исполнат нивните барања.

Барди е еден од најдобрите играчи на тимот, но Леванте има проблеми со финансиите, па можеби продажбата на македонскиот репрезентативец е единствена опција за средување на финансискиот фер плеј.